• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Атанасов: Уште две малверзации со меленото месо, нови ГМО случаи нема

Атанасов: Уште две малверзации со меленото месо, нови ГМО случаи нема

Скопје, 26 август 2018 (МИА) Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утре на е-влада ќе прикачи Предлог-правилник за контрола на спроведувањето на забраната за производство, увоз и ставање во промет на генетски модифицирана храна и прехранбени производи кои содржат ГМО.

Како што соопшти вечерва директорот на АХВ Зоран Атанасов во интервју за Телевизија 24, утврдени се два нови случаја на малверзации со меленото месо кое се продава како говедско, свинско или мешано, а содржи и пилешко, додека нови случаи со ГМО нема. 

Тој информира дека во тек е  прекршочна постапка за операторите кои го продавале лажно декларираното месо. 

- Според законот, само доколку е загрозено здравјето на граѓаните тогаш треба да ги објавиме имињата на тие фирми, рече Атанасов. 

За чипирањето на домашните миленици, Атанасов рече дека се набавени 100 илјади чипови кои идната недела ќе бидат доделени на друштвата со кои имаат потпишано договор за бесплатна апликација. Чипирањето треба да почне од 1 септември. 

- Друштвата кои имаат склучено договор со АХВ за да извршат бесплатно микрочипирање ќе бидат објавени на веб-страницата на Агенцијата со електронска пошта и со телефонски број за да можат заинтересираните граѓани да стапат во контакт. Ќе се наплаќа само издавањето на пасошот за домашното милениче и евентуално ако треба да се вакцинира против беснило или да се спроведе терапија за прочистување од ендопаразити, објасни Атанасов. мд/мч/20:23

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...