Филипче: Во септември ќе се распише огласот за државните специјализации

Филипче: Во септември ќе се распише огласот за државните специјализации

Штип, 28 август 2018 (МИА) - Министерството за здравство во септември ќе распише оглас за сите државни специјализации кои се потребни на здравствените установи во земјава, најави синоќа во Пробиштип, министерот за здравство Венко Филипче.

Тој забележа дека е направена анализата за потребните специјализации, а обезбеден е и соодветен број ментори за соодветни специјалности, кои ги бараат здравствените институции.

Во Пробиштип веќе две години нема интернист, Кочани за кратко време ќе се соочи со истиот проблем, во Берово и Пехчево нема педијатар, па родителите своите деца за една вироза на преглед мора да ги носат во соседните општини, а притоа патувајќи и по минимум 50 километри до најблиската здравствена установа. Во Делчево за две години ќе нема специјалисти по интерна медицина и неврологија.

Според Филипче, приемот и на нови лекари не може во моментов да го реши овој проблем, бидејќи лекарите треба да се упатат на специјализација и по неколку години ќе можат да го преземат товарот на својата работа.

- Во тие места каде што недостасуваат соодветни специјалности, ние правиме договори меѓу здравствените домови и клиниките во Скопје. На пример недостигот од гинеколози, така го решаваме во неколку градови во земјава. И во многу современи, развиени европски земји актуелен е проблемот со дефицит на доктори. Заради тоа развиваме и еден мултисекторски проект, кој значи домашна посета и патронажни сервиси, за сите сервиси кои граѓаните, односно пациентите ќе можат да ги добијат во своите домови или пак во амбулантите кои во моментов се празни, истакна Филипче.

Посочи дека станува збор за рурални амбуланти околу регионалните болници, со што ќе формираме тимови кои ќе дадат патронажни сервиси и услуги во однос на хроночните болести, во однос на услугите кои им требаат на мајките со мали деца, како и на постарите луѓе.

Во овој проект е вклучен и проектот рурална аптека. Според Филипче, во изминатите шест месеци во здравствените институции во земјава се примени 2.000 лекари и медицински персонал, со цел да се ублажи недостигот од кадар и да им се овозможи нормално да функционираат, а пациентите да добијат соодветна здравствена заштита. вдј/рп/08:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...