• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Во гевгелиската болница недосасуваат доктори, се чека на специјализантите

Во гевгелиската болница недосасуваат доктори, се чека на специјализантите

Гевгелија, 29 август 2018 (МИА) - Здравствената заштита на населението во општина Гевгелија се одвива во отежнати услови но на едно задоволително ниво во однос на капацитетите и човечките ресурси со кои располагаме во моментот како и значителната редукција на извршители од сите профили и критично ниво на финансиски средства,оцени денеска Митко Крџев,директор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност.

- Недостасуваат анестезиолози, педијатри, инфектолози, гинеколози и специјалисти хирурзи. Имаме само еден рентгенолог и моментно проблемите ги решаваме во соработка со Медицинските центри од Штип, Струмица, Куманово и Скопје. Сепак доаѓаат подобри времиња бидејќи наскоро ќе ни се вратат докторите од специјализација, рече Крџев.

Директорот на гевгелиската Општа болница посочи дека до Нова година болницата ќе има по двајца педијатри и гинеколози, а во 2019 година од специјализација ќе се вратат двајца гинеколози, еден хирург, еден невролог и еден педијатар. Испратени се барања за шест нови специјализации, наредните месеци ќе добиеме четири до пет општи доктори и од примениот помошен персонал на одредено време, јасно е дека нема потреба од дефетизам, нагласи Крџев.

Општата состојба со здравтвената заштита во општина Гевгелија, директорот Крџев ја оцени како вообичаена за овој период од годината бидејќи не е забележано зголемување на цревните заболувања и инфекции од акутен токсиколошки карактер или инфективни болести од тропските краеви.им/скс/13:12

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...