• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Голем интерес за вработување во штипската Клиничка болница

Голем интерес за вработување во штипската Клиничка болница

Штип, 29 август 2018 (МИА) - Над 130 кандидати до денеска се пријавиле на огласот за вработување лекари и медицински персонал во Клиничка болница-Штип. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека бројот на пријавените не е конечен, бидејќи се очекува апликации да пристигнуваат и по пошта и тоа најдоцна до петок.

-   Откако огласот ќе заврши кандидатите ќе одат на тестирање, по што ќе се направи и соодветна ранг листа, вели Ѓеорѓијев.

На 23 август штипската Клинилчка болница распиша оглас за нови 51 вработување, а ќе трае до утре. Од нив 12 се доктори по општа медицина, дваесетина се медицински сестри, но е предвидено вработување на психолог, социјален работник, физиотерапевти, како и технички кадар. Последен оглас за вработување во болницата имаше лани, кога беше распишан за вработување на две медицински сестри. Во моментов со договор на дело работат околу 60 лица.вдј/скс/14:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ