Детската клиника има потреба од вработување сестри и доктори, Филипче најави зајакнување на здравствениот систем

Детската клиника има потреба од вработување сестри и доктори, Филипче најави зајакнување на здравствениот систем

Скопје, 30 август 2018 (МИА) - На Универзитетската клиника за детски болести се вработија 40 медицински сестри со што делумно се надмина проблемот, но има потреба да се вработат уште толкав број поради спецификата на детската возраст и потребата од поголем број средно медицински персонал за поддршка на децата и на родителите. Има потреба и од доктори, истакна денеска директорката на таа јавна здравствена установа, Катарина Ставриќ.

Борка- Добиено е вработување на доктори специјалисти и специјализанти дел од кои се планираат за Хемато-онколошкиот оддел, како и ново барање за вработување медицински сестри, додаде Ставриќ одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Дневниот центар за психо-социјална поддршка на децата заболени од малигни болести на Детска клиника. 

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека како и досега во договор со директорите на клиниките ги евалуираат потребите за доктори и медицински сестри во Скопје, но и во сите јавни здравствени установи во внатрешноста.

- Во изминатиот период е вработен значаен број медицински персонал, следен чекор е распишување на државните специјализации и тоа исклучиво во септември кога ќе се завршат сите административни процедури, а после деталното утврдување на бројот на специјалисти кој е потребен во сите јавни здравствени установи, потенцира Филипче.

Филипче на Детска клиникаТој смета дека со овој чекор одат во насока на значајно зајакнување на здравствениот систем и тоа што ќе продолжат во континуитет да го прават е следење на состојбата, анализа на тоа кои доктори од кои специјалности и во следниот период ќе треба да се пензионираат и врз основа на тоа да ги планираат и спедните вработувања и специјализации. рп/са/12:46

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...