Наскоро во Кичево повторно ќе се издаваат лекарски уверенија

Наскоро во Кичево повторно ќе се издаваат лекарски уверенија

Кичево, 31 август 2018 (МИА) - Директорката на кичевската општа болница Билјана Настеска денеска информираше дека по подолг период во кичевската Општа болница ќе можат да се добијат лекарски уверенија. 

Пред речиси шест месеци, Републичкиот санитарен инспекторат донесе одлука да биде забрането издавањето на лекарски уверенија поради неисполнување на хигиено-техничките услови во кичевската Општа болница. 

- На мое инсистирање, конечно по подолг период и во кичевската болница ќе може да се добие лекарско уверение. По сите контроли извршени од страна на надлежните инспекциски служби и ресорното министерство, дадено е зелено светло и по добивањето на неопходното решение, нашите сограѓани повеќе ќе нема потреба за овој документ да патуваат во соседните градови, истакна Настеска. 

Таа наведе дека во болницата, исто така, се спроведува и кадровско екипирање. 

- Од специјализација се враќа офталмологот, а останатите потребни специјалисти доаѓаат од Прилеп и од другите градови, но од септември ќе ги добиеме и тие специјалисти, така што, целосно екипирани, во блиска иднина, ќе можеме да одговориме на овие обврски, објасни Настеска. 

Таа најави дека кадровското екипирање ќе биде подмирено со нови вработувања на лекари кои ќе бидат испратени на соодветна специјализација. рз/см/12:39

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...