• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Јавна дебата за потребата од дисперзија на градски болници во Скопје

Јавна дебата за потребата од дисперзија на градски болници во Скопје

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) - Јавна дебата за потребата од дисперзија на градски болници на повеќе точки на територијата на град Скопје ќе се одржи денеска во Музејот на современа уметност, во организација на Министерството за здравство. 

На јавната дебата ќе учествуваат министерот за здравство Венко Филипче, в.д. директорот на Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Иван Спировски и планер урбанистот во Агенција за планирање простор, Иван Арсовски. 

По завршувањето на јавната дебата ќе бидат претставени и идејните решенија за новата градска болница. рп/са/07:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ