Одбележување на Меѓународниот ден на физиотерапевтите

Одбележување на Меѓународниот ден на физиотерапевтите

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) - Здружението на физиотерапевти на Република Македонија со повеќе активности ќе го одбележи 8 Септември, Меѓународен ден на физиотерапевтите. 

Претставници од Здружението вечер во 19 часот на плоштадот „Македонија“ ќе делат промотивен материјал на кој ќе биде претставена годинашната тема на прославата на Светската конфедерација на физиотерапевти „Преку физичка активност до подобро ментално здравје“. 

Ќе се даваат совети за тоа како физичкото и менталното здравје се две зависни компоненти една од друга и за потребата од физичка активност која нуди превенција од појава на депресија, анксиозност, го подобрува квалитетот на живот и самодоверба. 

В сабота во Клиничката болница-Аџибадем Систина ќе се одржи едукативен семинар на тема „Рехабилитација во ортопедија и трауматологија“. мд/са/09:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дени де Вито на фестивал во Шпанија добитник на наградата за животно дело на

Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наг...

Порномодел ги продава старите силикони за да си купи нови

Британскиот порно модел Тејлор Роуз ги постави сво...

Ел Макферсон во врска со разведен татко на четири деца

Светски познатиот модел Ел Макферсон која неодамна...

Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од серијата „Игра на тронови“

Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен н...