• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Почнува светскиот конгрес на Интернационалното здружение за прочистување на крвта

Почнува светскиот конгрес на Интернационалното здружение за прочистување на крвта

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) - Светските достигнувања на техниките на прочистување на крвта ќе бидат презентирани на 36.Светскиот конгрес на Интернационалното здружение за прочистување на крвта, кој почнува денеска во Македонската академија на науките и уметностите, во организација на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи.

- Има многу состојби кои можат да се лекуваат со овие техники, како што се болести на метаболизмот, можат да се прочистат материи во крвта, како и липиди и на тој начин се превенира развој на коронарна болест, инфаркти, поставување стентови итн., истакна претседателот на Здружението.

Во врска со бубрежната проблематика посочи дека има двојки кои имаат различна крвна група, им треба прекондиционирање, треба да им се извадат одредени антитела против таа крвна група кои со овие техники уште подобро се средуваат. Додаде дека со тие техники може да се постигне подобро прочистување на крвта и кај пациенти за трансплантација.

На конгресот што ќе трае до 9 септември ќе учествуваат светски признати научници од САД, Јапонија, Кина, Европа...рп/сд/16:29

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ