Шест нови апарати за дијализа во Центарот за дијализа „Диамед“ во Гевгелија

Шест нови апарати за дијализа во Центарот за дијализа „Диамед“ во Гевгелија

Гевгелија, 7 септември 2018 (МИА) - Центарот за дијализа „Диамед“ Македонија изврши обнова на опремата за лекување и следење на најновиот технолошки развој во третманот на бубрежно болните пациенти со набавка на 25 нови уреди од кои шест се поставени во подружницата во Гевгелија.

Медицинскиот персонал успешно ја минал задолжителната обука за работа со уредите по што тие се веќе ставени во функција, информираа од гевгелиската подружница на „Диамед“.

Дел од персоналот на „Диамед“ од Гевгелија моментно учествува на интернационален конгрес за прочистување на крв, што до 9. септември се одржува во Скопје во организација на Македонското здружение на нефролози, дијализа,трансплантација и вештачки органи.

Целта на конгресот,во чија што работа учествуваат светски признати научници од САД,Кина,Јапонија и Европа е учесниците да се запознаат со светските дотигнувања на техниките за прочитување крв и многуте состојби кои можат да се лекуваат со овие техники како што се болести на метаболизмот и прочистување материи во крвта и липиди со што се превенира развој на коронарна болест, инфаркти и поставување стентови. им/цр/13:02

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...