• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Регионална конференција со деца излекувани од рак

Регионална конференција со деца излекувани од рак

Струга, 11 септември 2018 (МИА) – Четириесеттина деца од земјите од поранешна Југославија кои се излекувале од рак ќе учествуваат на првата регионална конференција „Имам една желба“ што утре и задутре ќе се одржува во Струга во организација на здружението „Сано“.

Претседателката на „Сано“ Марија Тасев информира дека последните 15 години деца што го победиле ракот од различни здружение се собирале во Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, а годинава во Македонија со цел да ги споделат своите искуства како ја победиле болеста и да делуваат мотивирачки на оние кои сега се борат против ракот.

- Сите тие се херои кои победиле разни типови детски ракови. Поентата не е да се присетуваат  на периодот на лекување, туку да делуваат мотивирачки. Да покажат дека ракот може да се победи, да покажат дека тоа не е смртоносна болест и од неа нема спас. Да покажат дека некои видов ракови се лекуваат и животот продолжува понатаму, појасни Тасев за МИА.

После сите прележани видови рак кои децата ги победиле, додаде, имаат втора шанса за живот и скоро 100 отсто од нив се успешни граѓани.

- Сега тие се младинци и се реализирале во животот, студенти, бизнисмени, работат..., имаат шанса за втор живот Сите се занимаваат со хуманитарна работа. Волонтираат им помагаат на другите деца кои сега минуваат низ таа фаза и се борат со рак, изјави Тасев

Ги покани родителите кои моментално с е соочуваат со ваков проблем, кои се на работ дека веќе неможат да издржат, се сомневаат дека ракот е непобедлив и периодот е неиздржлив да дојдат да видат дека овие деца одат напред, дека имаме позитивни случаи и не завршува се со смрт.

На конференцијата ќе има предавачи доктори од Клиничкиот центар во Скопје, кои ќе ги мотивираат дека после борбата со ракот во животот се е полесно.

Доктор Горан Димитров од Клиниката за гинекологија и акушерство ќе одржи предавање на тема „Сексуланоста кај младите после хемотерапија“, предавање ќе имаат и онкологот Билјана Чоневска од Клиниката за детски болести и Никола Станковски претседател на Волонтерски центар. сс/цр/12:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...