• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

АПРЗ: Од идната година 80 отсто поврат на инвестициите за „капка по капка“ и за расни грла

АПРЗ: Од идната година 80 отсто поврат на инвестициите за „капка по капка“ и за расни грла

Kрива Паланка, 5 декември 2016 (МИА) - Од идната година 80 отсто поврат на инвестициите за воведување системи за наводнување „капка по капка“, но и на средствата за набавка на расни грла добиток, предвидуваат мерките на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ).
 
Овие и останатите поволности што се дел од Програмата на Агенцијата за 2017 година денеска им беа презентирани на земјоделците и сопствениците на земјоделските стопанства во општина Ранковце.
 
- Ќе имаме повраток од 80 отсто на средствата за инсталирање систем капка по капка со бушотина. Ако инвестира земјоделецот околу 1.000 евра, дури 800 ќе му бидат вратени, што значи за само 200 евра ќе го воведат системот. Исто така повраток од 80 проценти ќе имаат и сточарите за набавка на расни грла добиток, до приложен родовник и сертификат за набавка од правен субјект, рече директорот на АПРЗ Игор Златков.
 
Програмата Ипард 2, пак, додаде, од февруари идната година ќе овозможи 60 до 75 отсто поврат на инвестициите, а Националната програма за рурален развој предвидува поволности за обнова на механизацијата и вложување во земјоделските стопанства. 
 
- Во мерката 112 имаме неповратни 600.000 денари кои доколку се инвестираат во земјделско стопанство,с ите ќе му бидат вратени, додека со мерката 121.5 за обнова на механизација имаме поврат од 60 до 75 проценти и тоа зависно од тоа дали е развиено или неразвиено рурално подрачје, информира дирекотрот на Агенцијата Златков.
 
Тој им препорача на стопанствата и земјоделците од село Опила и општина Ранковце да се обратат до подрачната канцеларија на АПРЗ во Ранковце и Крива Планака за сите новитети во аграрот, за новите мерки, како и за подготовка на технички предлог-проекти кои бесплатно се изготвуваат и се доставуваат до Платежната агенција. ид/мч/15:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...