• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Македонија со централен штанд како партнер на АГРА во Словенија (видео)

Македонија со централен штанд како партнер на АГРА во Словенија (видео)

Скопје, 10 јули 2018 (МИА) - Ајвар, лутеница, традиционално овчо сирење и јагне, органска храна и флаширано вино, се дел од производите што ќе ги промовира Македонија на претстојниот Меѓународен саем „АГРА 2018“ во Горна Радгона, Република Словенија. 

Македонија годинава е земја-партнер, поради што ќе има централно место на саемот, со штанд од 140 метри квадратни. Како што рече денеска министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, во фокусот на македонската промоција ќе бидат и туризмот, како и можностите за инвестирање. 

- За успешна промоција на Македонија се вклучени сите институционални капацитети, а поддршка добивме и од премиерот. Средствата за штандот што ќе биде поставен во централниот дел, се обезбедени од буџетот на Министерството, истакна Николовски. 

Словенечкиот амбасадор Милан Јазбец изрази задоволство што Македонија, по Кина лани, е партнер на АГРА. 

- Македонија ќе биде главна држава на саемот. Ова е уште една потврда за нашата длабока соработка и пријателството што трае повеќе од сто години. Се сеќавам на зборовите од мојот учител во шесто одделение кој рече: Македонија е како Калифорнија, четири пати во годината може да бере домати, рече Јазбец. 

Осврнувајќи се на деталите околу годинашната АГРА што ќе почне на 25-ти, а ќе заврши на 30 август, проектниот менаџер на Помурски саем Борис Ерјавец напомена дека акцент ќе се стави на младите фармери, нивното вклучување во агро бизнисот, иновациите, дигитализацијата, паметните ИТ решенија, современата механизација и одржливоста на производството. Меѓу клучните теми ќе биде и пчеларството.

Предвидени се и изложби на добиток, конференции, предавања и тркалезни маси. Се планира одржување на преку 150 деловни, стручни, професионални, натпреварувачки забавни настани, информира Ерјавец. 

На „АГРА 2018“ ќе учествуваат преку 1.800 изложувачи од 36 држави на вкупно 71.300 метри квадратни површина, а настанот ќе го следат повеќе од 200 новинари.

Саемот традиционално го отвора претседателот на Словенија во присуство на министри и министерски делегации од Централна и Источна Европа, како и од Европската унија. 

Проценката е дека „АГРА 2018“ ќе привлече околу 120.000 посетители. мч/скс/12:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...