• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Општинските комисии во ресенскиот и прилепскиот регион почнаа со проценки на штетите од невремето

Општинските комисии во ресенскиот и прилепскиот регион почнаа со проценки на штетите од невремето

Скопје, 10 јули 2018 (МИА) - Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и локалните власти денеска излегоа терен во увид на штетите врз земјоделските посеви од вчерашното невреме во преспанскиот регион.

Преспанскиот регион е дури шест пати опфатен од невреме од месец мај до денес. Токму затоа, Комисијата за проценка на штети е веќе формирана и активна. Според првичните информации, поројниот дожд и град во регионот предизвикал најголеми штети во село Јанковец, Ресен, делови од селата Златари и Сопотско, соопштија од МЗШВ

Општината комисија, како што се посочува, веќе е излезена на терен и врши проценка на штетите предизвикани од невремето, а првите прецизни проценките на оштетените јаболки ќе можат точно да се соопштат следната недела. Сепак, според првичните проценки, штетите врз насадите се од 70 до 80 отсто.

Штети од невремето се забележани и во прилепскиот регион, поточно во Големо и Мало Коњари. Општината Прилеп и таму формирала Комисија за проценки на штети, која ќе биде задолжена за проценка на материјалните штети на објекти и приватни имоти, по што ќе следува постапка за обештетување.

Инаку, Владата работи на усогласување на законите за земјоделство и рурален развој и за заштита и спасување, за да се унифицира постапката и да не се формираат повеќе комисии, со цел да се забрзат постапките и да се пратат до владината комисија, која што ќе ја преземе целокупната работа во делот на обештетувањето. Општинските комисии се веќе формирани. Во меѓувреме МЗШВ работи на долгорочна стратегија односно на сет мерки за заштита на земјоделството од временските непогоди предизвикани од климатските промени, стои во соопштението. рп/16:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...