Препораки од АХВ за заштита на добитокот и милениците од топлото време

Препораки од АХВ за заштита на добитокот и милениците од топлото време

Скопје, 16 јули 2018 (МИА) - Домашните миленици да не се оставаат во затворен автомобил изложен директно на сонце, да не се шетаат во најтоплиот период од денот, постојано и доволно да имаат свежа и чиста вода за пиење и да се држат во проветрени простории за да не дојде до сончаница или топлотен удар поради високите температури,  препорачува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Добитокот, исто така, треба да се чува во соодветни услови, а за работа да се користи само во раните утрински или во вечерните часови кога температурите се ниски. Мора да се внимава и на бројот грла во објектите.

- Температурите над 30 степени за секое животно се голем стрес што може да се манифестира со намалено консумирање храна, зголемена потреба од вода, намалено производство на млеко и слаб прираст. Ако  животните се држат во несоодветни услови може да дојде до појава на топлотен удар, а ако се директно изложени на сонце, до сончаница. Во двата случаја исходот може да биде фатален доколку не се делува на време, предупредува Агенцијата.

Симптомите се препознатливи, а се манифестираат со забрзано и плитко дишење, несигурен од (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, анурија, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат на крај, со неповолна прогноза.

Времето на појава на првите симптоми зависи од надворешната температура, влажноста на воздухот и вентилацијата, како и од состојбата на одбранбениот механизам на животните.

- Ако се забележат такви симптоми кај животните, потребно е итно да се реагира. Животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно количество воздух. Треба да му се даде доволно свежа вода, а телесната температура да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода, или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо, потенцираат од АХВ. мч/сд/14:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...