• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

„Шќипоња“ од Липково доби концесија за рекреативен риболов на акумулацијата Липково

	„Шќипоња“ од Липково доби концесија за рекреативен риболов на акумулацијата Липково

Куманово, 16 јули 2018 (МИА) - Ловечкото риболовно друштво „Шќипоња“ од Липково од годинава е концесионер на акумулацијата Липково. Со новата концесија, риболовците можат да ловат на двете езера Глажња и Липково. Друштвото ја доби дозволата кон крајот на јуни годинава од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за шест години.

- Дневна дозвола за рекреативниот риболов на Глажња изнесува 100 денари, годишната 1400 денари, додека за липковското езеро дневната е 150 денари,а годишната изнесува 800 денари. Блок картите за двете езера изнесуваат 1100 денари до крајот на годинава“-изјави Јовица Стојиќ, секретар во ловечко-риболовното друштво „Шќипоња“.

Членовите на друштвото лани го порибија езерото Глажња со 6000 парчиња пастрмка и крап. И оваа година, согласно концесијата повторно ќе биде порибена акумулацијата Глажња, а наредната година езерото Липково. Од Шќипоња информираат дека секојдневно на терен се и рибочуварска и ловочуварска служба. Ова друштво е едно од 14-те на ниво на Македонија со кои МЗШВ потпиша договори за доделување на концесии за организирање рекреативен риболов на одделни риболовни води.ам/скс/15:22

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...