Информативни средби со земјоделци од Ресен и Охрид

Информативни средби со земјоделци од Ресен и Охрид

Скопје, 19 јули 2018 (МИА) - Македонската развојна фондација за претпријатија организира информативните средби за земјоделците што ќе се одржат денеска во Ресен и Охрид.

На средбите ќе стане збор за предностите од здружување во земјоделски задруги како и за можностите за финансиска и техничка поддршка на земјоделските задруги. Претставници на земјоделски задруги од Република Србија ќе ги презентираат нивните успешни примери.

Информативната средба во Ресен ќе се одржи во просториите на основното училиште во Царев Двор, додека средбата во Охрид ќе се одржи во просториите на Месната заедница во Долно Лакочереј.

Информативните средби дел од проектот „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Македонија”. Проектот е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од  CARE Deutschland/Luxemburg (CARE) и МРФП во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. сст/са/07:31

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ