МЗШВ: Се анализираат ефектите од времената мерка што ја воведе Косово

МЗШВ: Се анализираат ефектите од времената мерка што ја воведе Косово

Скопје, 18 јули 2018 (МИА) - Министерствата за земјоделство и за економија, како и Царинската управа од македонска страна, работат на анализи на ефектите од времената мерка што ја воведе Косово и многу брзо ќе излезат со реакција за што ќе бидат известени и членките на ЦЕФТА.

Како што соопшти денеска Министерството за земјоделство, Одлуката на Косово за воспоставување зголемена царина од 30 отсто за овошје и зеленчук не е во согласност со заедничките цели дефинирани преку Берлинскиот процес: брз проток на стока и отстранување на царинските бариери. 

- Активно се работи на заеднички меморандум за соработка меѓу македонското и косовското Министерството за земјоделство што треба да придонесе за олеснување на трговската размена меѓу двете земји, наведува МЗШВ.

Косово оваа година е претседавач со ЦЕФТА, а трите први приоритети во неговата Програма се олеснување на трговијата, хармонизација на ЦЕФТА пазарите со ЕУ и креирање регион без нетарифни бариери и мерки кои ја нарушуваат трговијата.

- Наша обврска е да ги заштитиме домашното производство и извозно ориентираните земјоделски производи. Очекуваме Владата на Косово да ги земе предвид придобивките од Берлиснкиот процес и низ една заедничка дискусија преку разгледување на сите анализи и факти, да дојдеме до заедничко решение што ќе подразбира олеснување на трговската размена во регионот, информира ресорно Министерство.

Од денеска и официјално стапува во сила времената мерка што ќе трае три месеци и е насочена кон сите држави кои извезуваат во Косово.

Вкупниот извоз на зеленчук и овошје од Македонија во Косово за периодот јануари - јуни изнесува над 2,5 милијарди денари. мч/сд/15:31

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...