• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Лозарите и винарите денеска ќе преговараат за цената на грозјето

Лозарите и винарите денеска ќе преговараат за цената на грозјето

Кавадарци, 19 јули 2018 (МИА) - Лозарите и винарите денеска ќе преговараат за цената на грозјето. Претседателот на Здружението „Напредни лозари”, Трајче Кулев информира за МИА дека интерната средба во Министерството за земјоделство е закажана за во 12:15 часот.

На неа покрај претставниците на Министерството, се очекува да присуствуваат и градоначалниците од општините од тиквешкиот регион, како најголем лозаровинарски регион во државата. Таму треба да бидат и пратениците од Тиквешко. 

Инаку, синоќа во Кавадарци се одржа средба на лозари со претставници на успешни задруги од Војводина. Тие ги презентираа своите искуства на патот кон подобро земјоделство. 

- Целта е и ние да ги согледаме поволностите од тоа да пристапиме кон задругарство. На таков начин лозарството би било поефикасно, би имале можност за различни видови на помош, а полесно би ги остварувале и своите права, рече Кулев. 

Присутните земјоделци се интересираа за повеќе прашања, како финансирање и менаџирање на задругите и слично. свд/сст/10:43

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...