Николовски очекува Косово да ја повлече одлуката за зголемени царини

Николовски очекува Косово да ја повлече одлуката за зголемени царини

Скопје, 19 јули 2018 (МИА) - Министерот за земјоделство Љупчо Николовски очекува Косово веднаш да ја повлече одлуката за зголеменото царинење на овошјето и зеленчукот воведена вчера.

Како што рече денеска, одговорајќи на новинарски прашања, без да прецизира дали Македонија ќе воведе контра мерки, одлуката го прекршува ЦЕФТА договорот и правно и формално е нејасна.

- Се прават интензивни анализи за одлуката на Косово која воопшто не содржи тарифни броеви, а и, наместо овошје и зеленчук, во табелите пишува пченка, истакна Николовски.

Министерот најави дека ќе се реагира во делот на Спогодбата за размена меѓу двете земји. мч/са/11:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хумористична хит-серија

Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, ...