• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Силно невреме во Прилеп, оштетени површини со тутун, пиперки и житни култури

Силно невреме во Прилеп, оштетени површини со тутун, пиперки и житни култури

Прилеп, 23 јули 2018 (МИА) - Силното невреме што денеска го зафати Прилеп проследено со пороен дожд и град им направи огромни штети на земјоделските култури. 

Според првичните процени на општинските комисии, зафатени се над 300 хектари главно во атарите на Мало и Големо Коњари, месноста „Орде Чопела“ и атарот на населабта Варош. Сто отсто се уништени површините со тутун, пиперкии и житни култури.

Уништен род тутун 

Комисиите ги повикаа земјоделците од утре да почнат да ги пријавуават штетите. И во текот на утрешниот ден комисиите ќе излезат на терен иако денеска првично беа во атарите на погодените реони. 

Тутун уништен

Земјоделците велат дека вакво невреме не паметат последните 25 години. ем/мд/15:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ