• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Поднесени над 200 барања за обесштетување од невремето во Прилепско

Поднесени над 200 барања за обесштетување од невремето во Прилепско

Прилеп, 25 јули 2018 (МИА) - За еден ден се поднесени преку 200 барања за обесштетување на земјоделците од прилепските села Мало и Големо Коњари, како и од населбата Варош за штетите од завчерашното невреме.

Комисијата за проценка денеска е на терен и ја скенира ситуацијата.

- Очекуваме постојано да стигнуваат барањата за обесштетување на земјоделците од погодените реони во Прилепско. За еден ден пристигнаа преку 200 барања. Во 90 отсто станува збор за 100-процентна штета на површините со тутун, вели претседателот на Општинската комисија за штети Жарко Северкоски. 

Прилеп побара да се прогласи елементарна непогода зашто 100 отсто е уништен родот, главно, на тутунот, пиперот и дел на житните култури на преку 600 хектари.

Со невремето се погодени околу 1.000 земјоделски семејства во реоните на селата Мало и Големо Коњари, месноста „Орде Чопела“ и во атарот на населбата Варош.

Рокот за пријавување на штетите е до трети август. ем/мч/15:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...