• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Македонија засега не воведува контра-мерки кон Косово

Македонија засега не воведува контра-мерки кон Косово

Скопје, 26 јули 2018 (МИА)Македонија засега не планира воведување контра - мерки кон Косово. Очекува целосно укинување на зголемените царини врз основа на досегашните преговори, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Според МЗШВ, по утрешниот состанок на министерот за економија Крешник Бектеши со косовскиот колега, ќе има многу повеќе детали за наредните чекори.

- Сите досегашни преговори ни даваат за право да очекуваме целосно укинување на зголемените царини. Затоа во овој момент, Македонија останува на ставот барем засега да не се воведуваат контра - мерки. По утрешниот состанок на Бектеши, ќе имаме и многу повеќе детали за наредните чекори, наведува МЗШВ. 

Министерството и натаму останува на ставот дека разговорите со Косово во изминатиот период дадоа резултат, а како потврда за тоа го посочува фактот дека Приштина веќе ја повлече зголемената царина за дел од земјоделските производи. мч/сд/15:37

###

  

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...