Штипските пчелари и оваа година имаат помали приноси на медот

Штипските пчелари и оваа година имаат помали приноси на медот

Штип, 31 јули 2018 (МИА) - Пчеларите од штипскиот регион годинава повторно ќе бележат ниски приноси на медот во споредба со подобрите години, но и со приносите на медот на пчеларите од останатите региони во Источна Македонија.

Претседателот на Здружението „Пчелар 2014“-Штип Томе Толев вели дека состојбата со медот ќе се подобри откако пчелите ќе ги префрлат на паша на повисоките делови.

- Приносот на мед е од седум до осум килограми во просек од пчелно семејство во ниските делови. Во споредба со лани имаме некое подобрување, но не е како поранешните години, кои беа многу добри. Имавме и просек, односно не беа под 20 или 30 килограми од пчелно семејство, рече Толев.

Тој додава дека има и реакции од пчеларите за цената која, како што рече, ја урива увезениот мед. Бараат инспекциите да излезат на терен за да го испитат квалитетот и потеклото на медот, кој се продава по цена од 190 денари. вдј/мд/16:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...