• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Седиштето на „Тиквеш“ од Скопје се враќа во Кавадарци

Седиштето на „Тиквеш“ од Скопје се враќа во Кавадарци

Кавадарци, 1 август 2018 (МИА) - Седиштето на најголемата винарска визба „Тиквеш“ од Скопје се враќа во Кавадарци. Првичното седиште на компанијата беше во Кавадарци, а од пред неколку години досега тоа беше преместено во главниот град. Ова денеска го соопштија градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев и генералниот директор на „Тиквеш“ Радош Вукичевиќ.

Двајцата изразија задоволство од ваквата одлука бидејќи, како што нагласија, „Тиквеш“ е синоним за Кавадарци.

Јанчев рече дека винарницата е од големо значење за Кавадарци, а лозарството како најзастапена гранка во регионот заслужува големо внимание.

Вукичевиќ нагласи дека претходно биле направени анализи, а интенцијата е компанијата да придонесе за локалниот економски развој. Се очекува ова да ја интензивира соработката со лозарите и локалната самоуправа. свд/мд/14:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ