До 15 октомври оглас за развој, а до 30-ти за формирање нови задруги

До 15 октомври оглас за развој, а до 30-ти за формирање нови задруги

Скопје, 4 август 2018 (МИА) - До 15 октомври годинава е отворен огласот за развој на земјоделски задруги, а до 30 октомври трае повикот за пријавување групи на земјоделски стопанства кои имаат интерес да формираат земјоделска задруга. 

Двата огласа се дел од проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од ЕУ, кој предвидува грант од преку еден милион евра за зајакнување на постојните или за формирање нови земјоделски задруги. 

Инструкциите и обрасците за аплицирање може да се подигнате во просториите на Македонската развојна фондација за претпријатија - МРФП или од веб страницата www.zadrugi.mk.

- Раситнетите и мали парцели на обработливи површини резултираат со ограничен обем на производство, зголемени транспортни и производствени трошоци и неможност за примена на современа технологија и развојни инвестициони планови. Затоа повеќе од потребно е земјоделците да настапуваат здружени во земјоделски задруги. Здружено, земјоделците можат да постигнат пониска цена на репро материјали, поефикасна употреба на механизација, поголема количина на стандардизирано производство и повисоки откупни цени, велат од „задруги.мк“. 

Задругарството го поддржува и Министерството за земјоделство со напомена дека ваквиот тип на здружување овозможува посигурен пласман, унифицирано производство, намалени производни трошоци, зголемена препознатливост на македонските земјоделски производи на домашниот, но, и на странските пазари. мч/хс/11:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...