• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Програмата за рурален развој од „Рурална коалиција“ доставена до МЗШВ

Програмата за рурален развој од „Рурална коалиција“ доставена до МЗШВ

Скопје, 4 август 2018 (МИА) - Од името на 430 земјоделци, здружението „Рурална коалиција“ му ја предаде Програмата за рурален развој по терк на земјоделецот на заменик-министерот за земјоделство Благе Цветковиќ.

Навремено објавување на повиците за користење на мерките од Програмата за рурален развој, односно на почетокот на секоја тековна година, а не на средина, формирање гарантен фонд што ќе ги обезбедува 50-те проценти што потоа државата ги враќа на земјоделецот по претходна негова инвестиција од 100 отсто, измени на регулативата за доделување државно земјоделско земјиште со вклучување претставници на општините во комисиите што ги донесуваат одлуките, враќање на статусот правни лица на месните заедници, ефективно и ефикасно користење на сите мерки од програмата, а не само на две-три, теренска дистрибуција на информациите за да допрат до сите заинтересирани земјоделци, се само дел од предлозите во Програмата за рурален развој по мерка и терк на земјоделецот.

Програмата беше изработена во вид на граѓанската инцијатива покрената од „Рурална коалиција“ во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на здруженијата за партиципативно учество во процесот на донесување јавни документи и политики во земјоделството и руралниот развој“ кој, пак, финансиски беше поддржан во Програмата за развој на граѓанското општество на Цивика Мобилитас. 

Граѓанската иницијатива со свои потписи ја поддржаа 430 земјоделци. При нејзиното предавање, на заменик-министерот Цветковиќ му беше порачано дека интересот на земјоделецот треба да биде на прво место, а програмите да бидат креирани согласно потребите и реалните состојби на терен со цел средствата ефикасно и ефективно да бидат искористени и да придонесат за создавање модерно и конкуретно земјоделство.

- Ќе го следиме процесот на програмирање на руралниот развој за наредната 2019 година и ќе настојуваме најголемиот дел од предлозите на земјоделците да бдат вметнати во Програмата за рурален развој како граѓанска инцијатива и да влезат и во официјалната програма за рурален развој на Министерството за земјоделство, велат од „Рурална коалиција“. мч/ хс/11:31

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ