Вонредна инспекција во пекарата по објавената фотографија со глушец

Вонредна инспекција во пекарата по објавената фотографија со глушец

Скопје, 6 август 2018 (МИА) - Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде налог и во моментов врши вонредна инспекциска контрола кај операторот со храна - производител на леб и бели печива, по објавената фотографија на социјалните мрежи за еден од објектите на операторот, на која се гледа глодар на една од масите каде се послужува храна.

- Во рамки на законските надлежности, инспекциските служби вршат проверка дали од страна на овој оператор со храна се почитуваат пропишаните општи и посебни барања за безбедност на храната, вклучително и тоа дали се спроведени мерките за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, информира АХВ и најавува дека со идните редовни и вонредни инспекциски контроли, акцент ќе биде ставен и на контролата на спроведувањето на законската обврска за редовно вршење дезинфекција, дезинсекција и дератизација на објектите во кои се подготвува и послужува храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство врши редовни инспекциски контроли и кај оваа категорија оператори со храна, а по потреба се преземаат и дополнителни, вонредни мерки  за контрола.

Во првите шест месеци од годинава се извршени вкупно 8.336 инспекциски надзори кај оператори со храна од неживотинско потекло, од кои 1.027 кај пекарници, бурекџилници и трговци со леб и бели печива. Констатирани се пропусти од помал обем што се однесуваат на имплементацијата на Добрите хигиенски и производни пракси или HACCP системот, како и по однос на несоодветно означување на производите. Инспекциските служби изрекле 156 наредби за отстранување на констатираните недоследности, даден е налог за 82 едукации, а изречени се и две времени забрани.

- Апелираме до граѓаните секоја недоследност да ја пријават на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22, лично, или на електронската пошта info@fva.gov.mk, наведува Агенцијата за храна. мч/сд/15:00

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...