Македонија 27-ма по извоз на домати во светот, 33-та по извоз на лубеници

Македонија 27-ма по извоз на домати во светот, 33-та по извоз на лубеници

Скопје, 8 август 2018 (МИА) - Македонија е на 27 место во светот според извозот на домати, а на 33-то според извозот на лубеници, објави специјализираниот меѓународен сајт за статистика www.worldstopexports.com.

Минатата година земјава извезла домати во вредност од 17,1 милион долари што е 0,2 од светскиот извоз, а извозот на лубеници достигнал 2,9 милиони или, исто така, 0,2 процента од светскиот извоз.

По увозот на домати Македонија е рангирана на 63-то место со увезени количини во вредност од 2,9 милиони долари што е 0,03 отсто од увозот во светски рамки.

Според „Worldstopexports“, светски лидери во извозот на домати се Холандија, Мексико, Шпанија, Мароко и Канада со реализирани од 416 милиони долари до две милијарди, а во извозот на лубеници со остварени од 81,6 милиони долари до 364,6 милиони се Шпанија, Мексико, САД, Холандија и Италија. 

Најголеми увозници, пак, на домати се САД, Германија, Франција, Велика Британија и Русија со остварен увоз од 558,7 милиони долари до 2,3 милијарди. мч/сд/07:37

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...