Димковски од МЗШВ ги искара земјоделците – да не манипулираат со цената на пченицата

Димковски од МЗШВ ги искара земјоделците – да не манипулираат со цената на пченицата

Скопје, 7 август 2018 (МИА) – Трајан Димковски, шеф на Кабинетот на министерот за земјоделство, апелира земјоделците да не шират дезинформации околу откупната цена на пченицата. Сумата што ја посочуваат од седум до 8,5 денари, рече денеска Димковски, се однесува на пченица за сточна храна, а не на онаа квалитетната, за лебно зрно.

Според Димковски, кој денеска одговораше на новинарски прашања, во Македонија има млинови што ја откупуваат пченицата и за 11 денари, но се работи за род со висок квалитет. Ваква цена не може да постигнат земјоделци со по пет хектари жито, туку големите со 300 – 500 хектари.

- Да не си играме и да не манипулираме со цената на пченицата. Идејата е да добиеме квалитетен производ, а не веднаш да зборуваме за ниски цени за да се добијат дополнителни два денара поддршка, нагласи Димковски.

На квалитетно зрно, дополни, отпаѓаат нешто под десет отсто од вкупниот годинашен принос. мч/сд/11:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...