• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Димковски од МЗШВ ги искара земјоделците – да не манипулираат со цената на пченицата (ДПЛ)

 Димковски од МЗШВ ги искара земјоделците – да не манипулираат со цената на пченицата (ДПЛ)

Скопје, 7 август 2018 (МИА) – Шефот на кабинет на министерот за земјоделство, Трајан Димковски, апелира земјоделците да не шират дезинформации околу откупната цена на пченицата. Сумата што ја посочуваат од седум до 8,5 денари, рече денеска Димковски, одговорајќи на новинарски прашања, се однесува на пченица за сточна храна, а не на онаа квалитетната, за лебно зрно.

Според Димковски, има млинови што ја откупуваат пченицата и за 11 денари, но се работи за род со висок квалитет. Ваква цена не може да постигнат земјоделци со по пет хектари жито, туку големите со 300 – 500 хектари.

- Доста е веќе со вакви изјави. Да не си играме и да не манипулираме со цената на пченицата. Тоа влијае негативно врз откупот, а го користат и трговците. Идејата е да добиеме квалитетен, конкурентен производ, а не веднаш да зборуваме за ниски цени за да се добијат дополнителни два денара поддршка. И да се договорат за повисока цена, производителите треба да премолчат, нагласи Димковски.

На квалитетно зрно, дополни, отпаѓаат нешто под десет отсто од вкупниот годинашен принос.

- Ова е сензитивно прашање кое се повторува со години наназад. Лесно се излегува и се кажува цена. Ако некој е засегнат и дава изјава дека цената е таа, потсвесно, има интерес цената да биде пониска.  Сите изјави ги следев. Во последните десетина дена имаше три, едни велеа дека цената е седум денари, други дека е осум. Всушност тоа се однесува на пченица што се откупува за сточна храна. Цената зависи од квалитетот. Каков квалитет на лебно зрно ќе се испорача, таква цена ќе се добие, напомена Димковски.

Потсети и дека Министерството сака да работи отворено и транспарентно со сите засегнати страни. - Да седнеме и да дојдеме до она крајното – цената. Секогаш коа ќе тргнеме од цената, значи нешто не е добро. Денеска, за кој било производ на интернет може да се видат цените, како се движат, колкави се трошоците, се, посочи шефот на Кабинетот во МЗШВ.

Голем дел од пченицата што е откупена е извезена како сточно брашно, рече Димковски, и најави дека до крајот на неделата Инспекторатот за земјоделство чии претставници од понеделникот се на терен, треба да излезе со конечна бројка за откупната цена на пченицата.мч/сд/12:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...