• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Почна бербата на пиперката „ајварка“

Почна бербата на пиперката „ајварка“

Струмица, 8 август 2018 (МИА) - Во Струмичко почна бербата на пиперката „ајварка“ од сортата „куртовска капија“. Откупната цена за прва класа е 18 денари за килограм.

Производителите велат дека секоја година оваa градинарска култура зрее порано бидејќи се сади во пластеници, а на отворена ја има се помалку.

-Иако календарски сезоната за подготвка на ајвар е идниот месец, сепак има интерес за црвената пиперка. Засега ја откупуваат производствените капацитети, но интерес има и од странство, велат проозводителите.

Додаваат дека откупната цена од 18 денари за прва класа им е неисплатлива, бидејќи производството во пластеници е поскапо од тоа на отворено.

Земјоделците сметаат дека за нив исплатлива цена е 20 денари за килограм за прва класа пиперка „ајварка“ и дека со трите денари субвенции за секој предаден килограм ќе бiдат задоволни од постигната цена.

Годинава производството на оваа сорта пиперка е намалено за 10 илјади тони во споредба со лани кога родот тежел скоро 60 илјади тони. И покрај тоа земјоделците уверуваат дека ќе нема проблеми со недостиг на пиперка за подготовка на ајвар.рт/скс/08:55

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...