• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Министерството за економија го одобри проектот „Еногастрономски пат низ Тиквешијата“

Министерството за економија го одобри проектот „Еногастрономски пат низ Тиквешијата“

Кавадарци, 10 август 2018 (МИА) - Министерството за економија го одобри проектот „Еногастрономски пат низ Тиквешијата“, со кој Фондацијата „Тиквешки вински пат“, аплицираше за поддршка преку Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година. 

- Во рамките на проектот ќе бидат организирани работилници и обуки и ќе биде изработен промотивен материјал. Ќе се направи и промоција на овој проект на еден од саемите во странство, со поддршка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, информираше денеска за МИА, Виолета Јанкова, извршен директор на Фондацијата. 

Проектот ќе се реализира од втората половина од септември. свд/вј/09:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ