• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Земјоделците од истокот да внимаваат како ги наводнуваат нивите под далноводи

Земјоделците од истокот да внимаваат како ги наводнуваат нивите под далноводи

Штип, 10 Август 2018 (МИА) - АД МЕПСО апелира до земјоделците од шптипскиот и овчеполскиот регион да внимаваат како ги наводнуваат своите ниви низ кои поминуваат далноводи. Портпаролот на АД МЕПСО, Никола Стојанов вели дека земјоделците секогаш треба да имаат во предвид дека водата, но и цевките на системите кои се направени од метал се проводници на електрична енергија.

- Тоа значи никогаш да не ги поставуваат системите за наводнување под проводниците што пренесуваат електрична енергија и во рамки на трасите на далноводите. Секогаш да ги поставуваат што е можно подалеку од трасите на далноводите и никогаш да не ги псотавуваат под проводниците, со тоа го изложуваат на голем ризик сопствениот живот, но и животите на сите луѓе кои што се наоѓаат во нивна близина, изјави Стојанов.

Никола Стојанов МЕПСО

Тој истакна дека на овој начин може да се наруши и доверливоста и стабилноста во снабдувањето со електрична енергија.

- Сакам да уптам апел системите за распраскување секогаш да ги поставуваат што е можно подалеку од столбовите и далноводите и секогаш да внимаваат на правецот на ветерот, кога ги поставуваат системите за наводнување. Допирот на вода со проводниците може да го исклучи далноводот и во најмала рака да направи оптоварување на електро преносниот систем и со тоа да го зголеми ризикот од стабилно и доверливо снабдување, рече Стојанов.

Тој забележа дека земјоделците треба да внимаваат и како поминуваат под далноводите со својата земјоделска механизација. вдј/вј/16:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ