МЗШВ: Се подготвуваат мерки за стабилизирање на откупот на сливи

МЗШВ: Се подготвуваат мерки за стабилизирање на откупот на сливи

Скопје, 10 август 2018 (МИА) -  Тим од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска во Радовиш одржа работен состанок со производителите и откупувачите на сливи, на кој разговараа за состојбата со откупната цена со цел да се најде решение од заеднички интерес за стабилизирање на откупот.

Како што соопшти МЗШВ, на состанокот се разгледувале и можностите за развивање на пазарот на слива во Македонија. Производителите и откупувачите ги изнеле своите предлози кои ќе бидат разгледани од  МЗШВ.

- Владата преку МЗШВ навреме ќе реагира и ќе преземе соодветни мерки за стабилизирање на откупот, исто како што годинава се реагираше за доматите, а минатата година за лубениците и за праските. Во таа насока, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе размислува за воведување на интервентна мерка за стабилизирање на откупот на сливите, соопшти МЗШВ.

Министерството посочува дека согласно со поднесените барања за директни плаќања за површини со сливи за 2018 година, пријавени се 2788 лица со вкупно пријавена површина од 2121 хектари. Просечните приноси за 2018 година се 20 тони од хектар.

Во годинашната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, производителите на сливи имаат можност да аплицираат за субевнеција од 3 денари за килограм предадени сливи во преработувачки капацитети. хс/мд/16:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...