• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Протест на производителите на сливи од Радовиш

Протест на производителите на сливи од Радовиш

Радовиш, 11 август 2018 (МИА) - Производители на сливи од Радовиш незадоволни од ниските откупни цени денес го блокираа патот Радовиш-Струмица. Велат дека целосно е запрен откупот на сливите на откупните пунктови во селата.

-Ниту еден откупен пункт не работи. Решението го гледаме во ресорното Министерство да преземе мерки за да се интензивира откупот во наредниот период, односно да се реализира вчера договореното со претставник на Министерството за земјоделство, а тоа е дел од сливите да одат за откуп и дел за индустриска преработка, истакна Наце Димитриев, производител на сливи.

Додаде дека годинава сливите се откупуваат по 8 денари, а лани се откупувале и за 20 денари по килограм.

Вчера во Радовиш се одржала работна средба меѓу производители на сливи и претставник на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од страна на Министерството било истакнато дека ќе интервенираат во откупот на сливите како за доматите и бостанот. рт/бк/16:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...