Владата ја усвои субвенцијата од два денара за откупувачите и трговците со сливи

Владата ја усвои субвенцијата од два денара за откупувачите и трговците со сливи

Скопје, 14 август 2018 (МИА) - Два денара субвенција за килограм ќе добијат регистрираните откупувачи и трговците кои до 15 септември годинава ќе откупат индустриски сливи за најмалку пет денари или свежи сливи по минимум осум денари.

Како што соопшти денеска на прес-конференција министерот за земјоделство Љупчо Николовски, со оваа мерка донесена во договор со производителите, преработувачите и откупувачите, ќе се  стабилизира и реши проблемот со откупот.

- Оваа нова мерка ќе го поттикне договорениот откуп на произведената слива од родот 2018-та и ќе ја подобри конкурентноста на домашната преработувачка индустрија. Одлуката стапува на сила со објавување во Службен весник, рече Николовски.

МЗШВ и во следниот период ќе го следи откупот на сливи за да се избегнат непријатности и да се реагира навреме. мч/скс/15:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...