Намалени откупот и продажбата на земјоделски производи

Намалени откупот и продажбата на земјоделски производи

Скопје, 15 август 208 (МИА)За 4,4 отсто се намалени откупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од годинава за разлика од истиот период лани. 

Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14 проценти, а кај продажбата од сопствено производство намалување за 16,5 отсто. 

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај индустриските растенија, овошјето, добитокот, живината и јајцата и млекото, а намалување кај житата, градинарските растенија, фуражните растенија, алкохолните пијалаци, млечните производи и рибата. 

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува намалување во април и мај, додека во јуни е забележано зголемување на вредноста. мч/сд/12:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ