Старо Нагоричане и Рурална коалција потпишаа Меморандум за соработка

Старо Нагоричане и Рурална коалција потпишаа Меморандум за соработка

Старо Нагоричане, 17 август 2018 (МИА) - Градоначалничката на општина Старо Нагоричане Жаклина Јовановска и извршната директорка на граѓанската организација Рурална коалиција, Лилјана Јоноски, денеска потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за Локален економски развој“.

Со потпишувањето на Меморандумот се потврдува веќе воспоставената соработка помеѓу руралната општина и организацијата, а има за цел да ги утврди активностите кои ќе бидат опфатени и реализирани во проектот и ќе биде рамка преку која општината ќе ги реализира проектите значајни за жителите на Старо Нагоричане.

Градоначалничката Јовановска, информираше дека вредноста на овој проект е 491.560 денари, средства кои ќе бидат искористени за изработка на ЛЕР.

- Документот особено е потребен за општината, бидејќи ќе ги даде насоките како треба да се развива општината во идниот период. Се надеваме дека ќе биде донесен до почетокот на 2019, за да може Советот да го изгласа пред почетокот на буџетската година, изјави Јовановска.

Претставниците на Старо Нагоричане и Рурална коалиција одржале три подготвителни средби на кои биле дефинирани начинот на изработката на стратегијата, а кон крајот на јулиг годинава била потпишана локална активна рурална платформа.

Рурална коалиција и општина Старо Нагоричане ја препознаа потребата од здружување и заедничко делување кога станува збор за препознавање на интересите на локалната заедница, но и преземање активности што овозможуваат задоволување на потребите на локалното население преку меѓусебна соработка, размена на информации, креирање на стратешки документи, а тоа денес се потврдува и со потпишувањето на овој меморандум за соработка, изјави Лилјана Јоноски, извршната директорка на Рурална коалиција.

Проектот е имплементиран во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот. ам/нд/14:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...

Тренерот на Баерн им порача на фудбалерите да не одат сами на „Октоберфест“

Од овој викенд Баварија повторно живее во знакот н...