• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Укинување на руската блокада по фитосанитарната истрага во Македонија

Укинување на руската блокада по фитосанитарната истрага во Македонија

Скопје, 17 август 2018 (МИА) - Русија ќе го укине временото ограничување за извоз на коскесто овошје од Македонија откако ќе добие извештај за спроведена истрага и преземени фитосанитарни мерки. Извештајот треба да го изготват надлежните органи од земјава и мора да биде прифатен од надлежните органи на Руската Федерација.

Фитосанитарната управа на Македонија веќе изготвува упатство за деконтаминација на магацините и насадите со коскесто овошје од страна на производителите и дистрибутерите во случај да се утврди присуство на габата „монилиниа фруктикола“.

Тим од македонското Министерство за земјоделство денеска во амбасадата на Руската Федерација имаше средба со заменик-амбасадорот Константин Берсенев. Како што беше речено на средбата, Како што соопшти МЗШВ, двете страни се согласни да се најде решение за времената забрана за извоз.

Договорено е идниот месец да се одржи состанок на техничко ниво меѓу претставници на надлежните органи од двете земји за да се разговора за актуелната состојба, но и за другите прашања за кои Македонија и Русија имаат потпишано Протокол, како и за тоа, во иднина да се превенираат вакви состојби.

- Претставниците на македонската страна ги истакнаа преземените мерки од страна на надлежните органи изминатата недела, меѓу кои: контрола на примарните складови и откупните пунктови, како и засилена фитосанитарна инспекција во регионот на Кавадарци и Неготино, земање сомнителни примероци со цел идентификација на распространетоста на штетниот организам на територијата на Македонија, информира Министерството.

На состанокот е презентирано и изготвеното Упатство за управување со „монилиниа фруктикола“ кое ќе биде споделено на фитосанитарните инспектори и земјоделските производители. мч/сд/15:18

###





Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...