• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

МЗШВ: Фактите околу сообраќајната несреќа ги побиваат лагите на ВМРО ДПМНЕ

МЗШВ: Фактите околу сообраќајната несреќа ги побиваат лагите на ВМРО ДПМНЕ

Скопје, 17 август 2018  

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро ги демантира изнесните невистини кои што и денеска продолжи да ги пишува поратлот Курир.мк, а во врска со сообраќајната несреќа на лицето Н.Б вработено во министереството.

МЗШВ уште еднаш најостро ги отфрла информациите дека несреќата се случила надвор од работно време и дека возилото било управувано без овластување.

На ден на 09.05.2018 година на вработеното лице му е издадено овластување со број 02-5902/1 и своерачно потпишана изјава со број 02-5902/2 исто од 09.05.2018 година за задолжување за управување и користење за потребите на МЗШВ со службеното возило марка „Дачија Дастер“ со регистарски таблици SK-562VH.

Овластувањето и изјавата за задолжување се потпишани од  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и истото е уредно архивирано во Архивата на МЗШВ.

Ова овластување е согласно Упатсвото за користење и управување на службени возила на МЗШВ број 02-5826/1 од 08.08.2017 година и е   изготвено врз основа на член 49 став 1 и член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на Државната Управа. Согласно дел пет, точка 8 од Упатството:

„Право на управување со службено возило може да добие вработен во МЗШВ коj има важечка возачка дозвола за соодветната категорија и не му е изречена забрана за управување со моторно возило“. Лицето Н.Б е вработен во МЗШВ со договор на определено време и согласно тоа има право на вакво овластување.

Во истиот дел пет, точка 11 од ова Упатсво, стои дека во итни ситуации овластениот корисник е должен во рок од 24 часа достави наолог за службено патување или одобрение за користење и управување на службено возило, издадено од министер:

 „Во исклучителни итни ситуации, лицето одговорно за управување со моторни возила во министерството може да издаде на употреба возило и врз основа на усно барање на корисникот, при што на задната страна од записникот за примопредавање на службеното возило ќе се наведе дека возилото е издадено по усно одобрение, а овластениот корисник е должен во рок од 24 часа достави наолог за службено патување или одобрение за користење и управување на службено возило, издадено од министер“.

Со оглед на тешките телесни повреди со кои се здоби лицето, оперативните зафати на белодробното крило и клучната коска, поради критичната ситуација лицето е сеуште на лекување. Имајќи ја во предвид здравствената сотојба на лицето Н.Б и постоперативниот стрес од сообраќајната несереќа, како и периодот за рехабилоитација препорачан од лекарите, лицето сеуште е боледување и согласно горе наведениот дел пет точка 11, не е во можност да дојде во МЗШВ и да го потшише патниот налог.

Сите детали за сообраќајната несереќа се во службениот билтен на Министерството за внатрешни работи ( http://mvr.gov.mk/izvadok-od-dnevni-nastani/1182).

Срамно и нечовечки е да се злоупотребува несреќен случај за манипулирање на јавноста и собирање на политички поени.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ