• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

МЗШВ: Дополнителни два денара субвенција за колограм и за преработувачите и за трговците на сливи

МЗШВ: Дополнителни два денара субвенција за колограм и за преработувачите и за трговците на сливи

Скопје, 18 август 2018 (МИА) - Дополнителна субвенција од два денара за килограм за правни лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски мерки, е новата мерка која Владата ја донесе на последната седница за стабилизација на состојбите со откупот на сливите.

Како што соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, мерката важи и за преработувачи и за трговци на сливи, а висината на директни плаќања е два денари по килограм. За земјоделците, потсетуваат, остануваат три денари дополнителни субвенции кои им се исплаќаат за предадени сливи во преработувачки капацитети.

Од Министерството посочуваат и дека не го оправдуваат барањето за исплата пет денари за килограм за слива на стебло.

- МЗШВ смета дека барањето на одредени земјоделци пет денари за килограм во просек за 30.000 килограми на еден хектар за секој производител на слива е уцена. Земјоделците бараат за секој хектар пријавена површина да им се исплатат по 150.000 денари без производителот да ја обере или достави сливата кај откупувачот, се истакнува во соопштението. 

МЗШВ наведува и дека ќе го провери тврдењето на земјоделците кои го блокираа патот Струмица-Радовиш дека не добивале кантарни белешки и воедно, ги повикува земјоделците да не наседнуваат на, како што велат, партиски мотивирани протести.

- Министерството работи според законските овластувања и во интерес на земјоделците поради што во изминатата година и пол воведе системски мерки за поттикнување на развојот на земјоделството. Минатата година за 10 отсто ги зголемивме субвенциите за овошни насади вклучително и за сливите. По овој основ зголемени субвенции добија над 2.500 производители на сливи, за што беа исплатени 64 милиони денари, стои во соопштението од МЗШВ. вг/нд/15:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...