• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Овоштарите од Делчевско утре на протест поради проблемот со откупот на сливите

Овоштарите од Делчевско утре на протест поради проблемот со откупот на сливите

Делчево, 19 август 2018 (МИА) - Делчевските производители на модра слива откако, како што велат, не добија никаков одговор на нивните барања за решавање на проблемот со откупот на сливи, решија своето незадоволство да го искажат утре со протест и блокада на Меѓународниот пат А3, кој од Делчево води кон Бугарската граница.чат скалило погоре. 
 
- Протестот се организира со цел да се надмине кризната состојба, која се појави поради непостоење на никаков откуп на пијанечкото сино злато, кое во Делчевскиот регион се мери на околу 6000 тони, род што скапува по нивите. Бидејќи не вроди со плод неодамнешниот протест пред општинската зграда на кој побаравме надлежните да ни помогнат во пласманот од кој зависи егзистенцијата на многу семејства во регионот, ние за утре најавуваме блокада на Меѓународниот пат А3, изјави производителот Благојчо Митревски.
 
Се проценува дека без откуп во Делчевскиот регион ќе останат околу 6.000 тони модра слива. Слична е, се посочува, ситуацијата и во Берово и Пехчево каде според тамошните овоштари има 4.000 тони модра слива, која чека на откуп.вс/вг/13:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...