• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Демант од МЗШВ на текстови што ги објавија порталите Курир и Инфомакс

Демант од МЗШВ на текстови што ги објавија порталите Курир и Инфомакс

Скопје, 20 август 2018

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски најостро ги демантира информациите изнесени на порталите Курир и Инфомакс, дека негов прв братуцед е фатен во обид за шверц. Дека станува збор за лажни и неточни информации и обид да се изманипулира јавноста, се гледа од самите текстови објавени на двата портала, во кои што не се посочува никакво име, каде и кога се случил настанот, туку само наводна роднинска врска.

Јасна е целта на уредувачката политика на Курир и на Инфомакс, да се оцрни и диркедитира името и успешната работа на министерот Николовски, во период кога како никогаш во изминатите 11 години, навреме и неселективно се исплаќаат субвенциите за земјоделците, се носат развојни мерки и крупни проекти за развој на македонското земјоделство.

Министерот Николовски најостро ги осудува ваквите невистини и обиди да се изманипулира јавноста, особено земјоделците. Министерот Николовски ги повикува двата портала итно да ги повлечaт текстовите и да се извинат,  во спротивно ќе следува тужба. 

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ