АХВ дошла до список од 30 производители на генетски модифициран ориз

АХВ дошла до список од 30 производители на генетски модифициран ориз

Скопје, 20 август 2018 (МИА)  - По добиен список од 30 можни производители на генетски модифициран ориз, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ги продолжува контролите на терен. 

Како што соопшти директорот на АХВ Зоран Атанасов, позната е и сортата ориз добиена од генетски модифицираното семе. 

Со контролите ќе се утврди кои се тие производители, по што ќе бидат преземени и мерки согласно законот.

- Работата се следи и до крај ќе биде расчистена. Имаме сознанија која е сортата ориз и имаме список на лица кај кои може да се најде.  Денеска екипите се повторно на терен. Детално ќе се влезе и ќе се утврди кои се тие производители. Добиен е список од 30 можни кај кои ќе се појде. Тоа ќе се реализира во соработка со Управата за семе и саден материјал при МЗШВ, истакна Атансов, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Стопанската комора за измените на Законот за ветеринарни лекови. 

Според директорот, контролите се зајакнати не само во земјава, туку и на граничните премини при увоз. Се подготвува план за контрола на годишната, но и на реколката ориз за 2019. 

Директорот Атанасов напомена дека одговорноста за увезеното семе не е надлежност на АХВ туку, како што рече, на друга институција. мч/са/12:10

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...