• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Наскоро конкурс за избор на нов концесионер на Охридско Езеро

Наскоро конкурс за избор на нов концесионер на Охридско Езеро

Охрид, 21 август 2018 (МИА) - Во владина процедура е постапката за објавување конкурс за избор на нов концесионер на Охридското Езеро.

Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во консултација со стручните служби од Охрид и институтите, направена е измена во риболовните основи за поголема заштита на рибниот фонд.

- Прифатени се сите предлози што стигнаа во делот на заштитата на белвицата и охридската пастрмка. Со овие измени на риболовните основи имаме уште поголема сигурност. Штом ќе заврши владината постапка, формирањето комисии и другите активности што се во процедура ќе биде објавено, рече Николовски.

Ресорниот министер тврди дека и покрај тоа што Охридското Езеро нема концесионер кој треба да се грижи за зачувување на рибниот фонд и да го штити од рибокрадци, Инспекторатот успешно ја врши својата работа.

- Ќе ги објавиме констатираните незаконитости и ќе имаме транспарентна постапка за избор на нов концесионер согласно изменетите риболовни основи кои даваат поглема заштита на ова природно богатство, напоменува Николовски.

Охридското Езеро моментно нема концесионер. Со одлука на Влада е одземена концесијата поради, како што информира министерот, неисполнување одредени законски обврски кои треба да ги извршува концесионерот. сс/мч/07:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...