Два денара поддршка за стабилизирање на откупот на сливи

Два денара поддршка за стабилизирање на откупот на сливи

Скопје, 20 август 2018 (МИА) - По два денара поддршка за килограм сливи ќе добијат регистрираните откупувачи и трговци со цел стабилизирање на откупот на сливи, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). 

МЗШВ воедно потсетува дека производителите, согласно годинашната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, ќе добијат три денари субвенција.

- Финансиската поддршка за откупувачите ќе важи за индустриски сливи откупени до 15 септември 2018 година по цена не пониска од пет денари за килограм. Оваа субвенција ќе важи и за откупувачите кои ќе откупат свежа слива, но по цена не пониска од осум денари, наведува Министерството.

Во моментов, како што информира, над 20 компании откупуваат сливи.

МЗШВ стапи во контакт со откупувачите и најодговорно тврди дека секој откупувач при откуп на слива, издава кантарна белешка.

- Континуирано го следиме откупот на сливи и повторно ги повикуваме земјоделците да не наседнуваат на партиски мотивирани протести. Работиме според законските овластувања и во интерес на земјоделците поради што изминатата 1,5 година воведовме системски мерки за поттикнување на развојот на земјоделството. Минатата година за 10 отсто ги зголемивме субвенциите за овошни насади вклучително и за сливите. По овој основ зголемени субвенции добија над 2.500 производители на сливи, за што беа исплатени 64 милиони денари, стои во соопштениетот од МЗШВ.

Пред корегирањето на Програмата за финансиска поддршка, субвенцијата за предадено овошје во преработувачки капацитет, вклучително и за сливите, беше два денара за килограм. мч/сд/

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...