• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Инспекторатот за земјоделство ја презема контролата за генетски модифицираниот ориз

Инспекторатот за земјоделство ја презема контролата за генетски модифицираниот ориз

Скопје, 21 август 2018 (МИА) Државниот инспекторат за земјоделство од денеска треба да ја преземе контролата за генетски модифицираниот ориз во Македонија. 

Откако ќе ги добие резултатите од контролите што ги спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Инспекторатот ќе продолжи со акцијата за да утврди кои се увозниците на генетски модифицираното семе.

- АХВ денеска треба да ни ги достави резултатите за тоа каде е најдено семето и ние да пуштиме инспекциска контрола, за да провериме и да стасаме до увозникот, до носителот на семето. Тоа ќе се утврди во наредните денови, изјави за МИА директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Благој Индов.

Индов земјоделски инспекторат

Тој нагласува дека увоз на генетски модифицирано семе не е забрането, но мора да е со сертификат и декларирано.

- Семето во овој случај не е увезено легално. Затоа, ќе ги продолжиме контролите. Наредниве денови ќе се истражува тоа. Уште не се знае за колку семе станува збор, утврдено е само дека кај повеќе производители има генетски модифициран ориз, дополнува директорот.

Според него, одговорност секако ќе има, согласно законските прописи. Можни се парични казни или одземања на лиценците за увоз. мч/сд/11:44

###

 

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ