• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Лозарите од Тиквешко ќе блокираат патишта поради ниските цени на грозјето

Лозарите од Тиквешко ќе блокираат патишта поради ниските цени на грозјето

Кавадарци, 23 август 2018 (МИА)Лозарите од Тиквешко кои синоќа се собраа за да разговараат околу ниските цени кои винарите ги нудат за грозјето, одлучија да протестираат против игнорантскиот однос на винарските визби. Претседателот на Здружението “Напредни лозари”, Трајче Кулев утринава на прес-конференција соопшти дека се бара масовна поддршка од производителите на грозје и доколку ја добијат, ќе се организираат протестите. 

- Нема напредок во преговорите со винарите околу цените. Ние сме во загуба. Тие ги нудат истите цени од 11 и 13 денари за килограм “смедеревка” и “вранец”, а ние бараме  реални 15 со 17 денари за овие најзастапени сорти, информираше тој, соопштувајќи и дека се уште е актуелен и проблемот со винарските визби кои не доисплатиле грозје од претходни реколти.  

Кулев ги повика лозарите да се обединат и со потпис да дадат поддршка за организирање на протестите, како израз на незадоволство од откупните цени за годинешниов род. Затоа што, како што нагласи, ако грозјето се плати поскапо, ќе живне и градот. 

Претседателот на Здружението на лозари рече дека ќе си поднесе оставка, доколку не добие масовна поддршка од лозарите за протестите кои се планираат. свд/сст/09:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ