Во штипскиот регион фатени двајца ловокрадци

Во штипскиот регион фатени двајца ловокрадци

Штип, 23 август 2018 (МИА) - Ловочуварската служба на ловното здружение „Ловец“ - Штип во рок од три дена фати двајца ловокрадци. Надлежните од ова здружение информираат дека ловокрадците се фатени во атарите на селата Врсаково и Судиќ, каде поставувале машинки или замки за ловење на прелетен дивеч. 

Станува збор за лицата В.Г и Л.К кои ги поставувале овие замки, кои се забранети со Законот за лов. Прјави ќе им бидат поднесени и до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и до Полциската станица во Штип. Казните за ваков недозволен лов се движат од 800 до 2.000 евра.

Инаку, на терените во штипскиот регион во тек е ловната сезона на прелетен дивеч, а интерес има и од ловџии од странство, кои речиси секој викенд се гости на терените во овој регион. вдј/вг/14:52

 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ